Flat Preloader Icon Се вчитува..

Вакцинација и Микрочипирање

Секое милениче треба да поседува пасош кој се издава од страна на Ветеринарна амбуланта во кој се води евиденција за миленикот, односно опис, обележување, вакцинација и обележување, третман против ехинококоза и други третмани против паразити.

Правилна и навремена вакцинација е услов за заштита на вашиот миленик од разни болести. Пред првата вакцинација препорачуваме дехелментизација, со кој третман ќе го заштитите вашиот миленик од разни внатрешни паразити. За понатамошна дехелминтизација и вакцинација  нашиот тим е секогаш тука да ве информира околу целата превенција и грижа околу вашите миленици.

Согласно одредбите на Законот за заштита и благоостојба на животите, сопствениците на кучиња и мачки имаат обврска да го идентификуваат и регистрираат својот домашен миленик.

Што е микрочип и која е неговата улога?

Микрочипот се аплицира поткожно од страна на ветеринар а податоците за животното и сопственикот се внесуваат во базата на податоци-Идентификациониот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство-ИСАХВ. Микрочипот е со големина на зрно ориз и има единствен број каде што првите бројки го претставуваат кодот на државата. Доколку микрочипирано животно се изгуби, многу полесно може да се пронајде неговиот сопственик. (АХВ)