Општиот клинички преглед е од клучно значење во одредување на општата здравствена состојба на миленикот и рано откривање на разни заболувања. При секое забележување на било каква промена кај вашиот миленик треба веднаш да се обратите кај вашиот ветеринар на преглед. Општиот преглед е првиот чекор кој треба да го направи секој сопственик при земање на миленик за да обезбеди правилна грижа за нашите шепасти пријатели.
Редовниот преглед на вашите миленици претставува превенирање, дијагностицирање или третирање на разни болести и состојби кои може да се појават кај милениците.
Превенцијата е секогаш подобра од лекување, а благосостојбата на вашите миленици е наша главна цел.